Лигети победи во Соелден

Традиционално првата станица во новата сезона на Светскиот куп за скијачи е австрискиот Соелден на кој се возеше велеслалом, Тед Лигети ја одбележа својата дванаесетта победа во својата кариера.

Американецот на трката помина со две секунди и 75 стотинки предност пред Талијан Менфред Моелг, а на третото место заврши Австриецот Марсел Хирчер.

Лигети ја одбрани ланската титула од ова место и влезе во историјата. Претходно само Херман Маер и Боде Милер успеаа да ја одбранат победата на премиерната трка.

Пронајдете не на следниве мрежи: