Дваесет итретото продолжение од серијалот за тајниот агент Џејмс Бонд – „Skyfall“, чиешто прикажување започна на 26-ти октомври, во првиот викенд заработил 77,7 милиони долари, објави порталот за специјализиран за кино продукцијата Deadline.com.
Филмот со Даниел Крег во насловната улога, така, постави рекорд според заработката за првиот викенд од прикажувањето меѓу филмовите чиешто прикажување започна во 2012 година, а истовремено оствари и најдобра почетна заработка на сите времиња меѓу филмовите снимени во 2D формат.
Поголемиот дел од заработката најновото продолжение за авантурите на агентот 007 „со лиценца за убивање“ ја остварил во „татковината“ Велика Британија, околу 32,4 милиони долари, на што се надоврзува соседната Франција со 9,1 милион долари, а уште 8,6 милиони долари заработка филмот остварил од прикажувањата во киносалите низ Русија.
Овие бројки се за 76 отсто повеќе отколку заработката за првиот викенд од прикажувањето на претходниот филм од серијалот – „Casino Royale“, првиот во кој Даниел Крег се појави во улогата на специјалниот агент 007, а за 30 проценти повеќе од „Quantum of Solace“. Во моментов, најголема заработка од филмовите за Џејмс Бонд има остварено „Casino Royale“, според податоците на ресурсот boxofficemojo.com – 594,2 милиони долари.
Наредните денови „Skayfoll“ ќе започне да се прикажува и во друг земји во Европа, а на 9-ти ноември ќе започне неговото прикажување во САД и Канада, а подоцна на 1-ви декември и на кинопазарот во Јапонија.
Дејствието на акциониот филм „Skyfall“ започнува во турската метропола Истанбул, каде што е украден хард диск со базата податоци на сите активни агенти на тајната британска служба MI6. Обидувајќи се да го поврати дискот, Бонд е случајно ранет од својата соработничка (Наоми Харис), и тој едно време се прикрива, за сите да веруваат дека е мртов. Секако, рано е Бонд да си замине и тој се враќа во „служба на кралицата“ по експлозијата во седиштето на MI6, којашто чудесно ја преживува Ми (Џуди Денч), и започнува да го решава подмолниот заговор на познатиот негативец Раул Силва (чиј лик го толкува овојпат русокосиот Хавиер Бардем).
Филмот е во режија на Сем Мендес, кој стана на познат по филмовите „Патот на превратот’ и „Американска убавина“ за кој го доби Оскарот. Фановите на франшизата особено се радуваат на враќањето на симболите на серијалот како мистер Кју и Манипени, како и омилениот автомобил на „првиот“ Џејм Бонд – „Aston Martin DB5“. Покрај наведената славна актерска четворка, во филмот се појавуваат и други познати актери, како Ралф Фајнс, Беренис Марлоу, Алберт Фини и други.
Макфакс
Погледнете ги следниве статии
Последната песна на Џон Ленон
Фигура на Е.Т. во Мадам Тисо
Расел Минс- Индијанецот