Тренерот на екипата на Барселона, Тито Виланова, со големи пофалби за аргентинецот во неговите редови, Лионел Меси.
„Сите големи клубови зависат од големи играчи, тоа не е случај само во Барселона. Точно е да без неговите 50 голови не би било исто, но доколку не би ги постигнал Меси, би ги постигнал некој друг“ изјави Виланова.
„Кога ќе направи грешка во играта, тој се враќа и до 35 метри за да ја исправи, се сомневам дека има вакви големи играчи. Мислам дека никогаш повеќе нема да видиме ваков фудбалер“ заврши Виланова.
Пронајдете не на следниве мрежи: