Катастрофални две одлуки кои беа на штета на екипата на Катанија во дуелот со Јувентус донесе линискиот судија.
Прво, во 25-тата минута беше поништен регуларен гол за Катанија, а во 57-мата минута од мечот Јувентус дојде до победа со гол од офсајд.
Претседателот на Катанија, Антонино Пулвиренти, кој има обичај да седи на клупата меѓу членовите на стручниот штаб на сите натпревари, овој пат доби црвен картон откако судијата го поништи регуларниот гол за Катанија.
„Линискиот судија прво сигнализираше дека голот е регуларен. Се предомисли по хајката од страна на клупата на Јувентус. Жалосно е тоа што токму резервни играчи на Јувентус ни го поништија голот, токму Симоне Пепе и Емануеле Џиакерини кои беа на загревање го искористија моментот да извршат притисок врз судијата“ изјави Пулвиренти.
Пронајдете не на следниве мрежи: