Дојче Веле: Хилари доаѓа без волшебен рецепт за Балканот

Високата претставничка на ЕУ за надворешна политика Кетрин Ештон и американската државна секретарка Хилари Клинтон не доаѓаат на Балканот со нов рецепт за регионот, туку на БиХ, Србија и Косово да им пружат широка поддршка и да ги насочат кон заедничка евроатлантска иднина, наведува Дојче Веле.

„И ЕУ и САД сакаат да видат успешен процес на евроатлански интеграции на Сараево, Белград и Приштина, а основна порака ќе биде сите тие да имаат европска перспектива“ вели за Дојче Веле, портпаролката на Ештон, Маја Коцинјанчиќ.

Покрај таквите заеднички пораки, европските аналитичари сметаат дека посетата на Клинтон е јасна индикација дека Вашингтон очекува не само ЕУ да продолжи да се залага за својата политика во регионот, туку и регионот да се фокусира на ЕУ.
„Знаеме дека постојат доста политички актери во регионот кои имаат навика прво да се свртат кон Вашингтон, а потоа кон Брисел. Сметам дека оваа посета би можела да биде сигнал овој пристап за да се промени“, вели директорот на асоцијацијата на Независни дипломати, Николас Вајт.
Тој смета дека основната порака на заедничката американско-европска посета на регионот гласи дека иднината на западниот Балкан во интеграциите во ЕУ, а не во парадигмата на конфликтите и територијалните поделби од минатиот век.
Како што најавуваат од канцеларијата на високата претставничка на ЕУ, поддршката на дијалогот Белград Приштина ќе биде една од главните теми во текот на посетата на Клинтон и Ештон во Белград и Приштина.

Макфакс

Пронајдете не на следниве мрежи: