Србија продолжува со флуктуирачкиот девизен курс

Loading...

Централната банка на Србија планира да ја продолжи политиката на флуктуирачки курс на динарот, бидејќи тоа е единствениот начин Србија да има пазарна економија и ефикасно да реагира на шоковите од опкружувањето.

Ова во вторникот го изјави Гувернерот на Народната банка на Србија (НБС), Јоргованка Табаковиќ, која на таа должност стапи пред повеќе од два месеци.
„Флексибилниот девизен курс чини многу, но таквата мерка е единствено можна во вакви услови“, изјави Табаковиќ.
Таа истакна дека НБС, за да придонесе во остварувањето на финансиската стабилност во држава, и натаму ќе ја користи референтната каматна стапка, но не ја исклучува можноста од користење на други инструменти на монетарната политика, како што се задолжителните резерви или интервенцијата на девизниот пазар.
„Ќе интервенираме на девизниот пазар во наредниот период само во случаи на значителна дневна осцилација на курсот и пореметување на функционалноста на девизниот пазар“, изјави Табаковиќ.

Макфакс

loading...
Loading...