Хороскоп: Ослабете со помош на вашиот знак

Loading...

Сте се обиделе со многу диети и вежби, а се уште сте далеку од витка линија? Можеби се уште не сте нашле режим на исхрана кој ви одговара. Дозволете ѕвездите да ви помогнат:

 

 

 

ОВЕН

Сакате предизвик, но ако брзо не ги видите резултатите веднаш се откажувате. Обидете се со „фактор 5“ планот за исхрана. Што значи тоа? Овој  режим на исхрана трае 5 недели и се состои од пет мали оброка дневно во комбинација со 25 минути вежбање поделени во петминутни серии. Најдобра вежба за вас е било која енергична активност во која вашиот натпреварувачки дух може да дојде до израз. Обедите се со одбојка или фудбал.

БИК

Сакате храна и пијалоци и уживате во јадењето. Но сте стрпливи и методични, што може да Ви помогне кога сакате да се ислободите од вишокот килограми. Мали и чести оброци се најдоброто решение за Вас. Обидете се да грицнете нешто секои 13 минути. Ако во својот план сакате да вметнете вежби, тогаш танцување е прав избор. Добро владеете со движењата и ќе уживате додека Вашето тело согорува калории.

БЛИЗНАЦИ

Друштвени и постојано во акција, Близнаците често знаат да бидат површни и лесно да се откажат. За да издржите до крајот на диетата, менито, како и се во животот на Близнаците, мора да биде различно. Консултирајте се со нутриционист кој ќе Ви направи избалансиран, разнолик режим на исхрана. Искористете ја својата дружењубивост за вежбање со пријателите.

РAK

Раковите се многу емотивни, па храната често им птретставува утеха. Заради тоа за нив е најважно да обратат внимание што и кога јадат. Масната храна посебно треба да ја избегнувате, а ако сакате утеха сварете си супа или чорба. Јадете црн леб и тестенини, многу овошје и зеленчук, а избегнувајте брза храна. Раковите сакаат вода и море, па обидете се со аквабик или пливање.

ЛАВ

Лавовите се постојано на диета. Изгледот им е многу важен, па ни строгите диети за нив не претставуваат проблем. Варијантата Аткинсова диета која дозволува леб е најдобар избор за вас, а вежбање во теретана Ви дава можност да ја покажете својата фигура и тренди гардероба.

ДЕВИЦА

Девиците се перфекционисти, па највеќе може да им одговара методичен план за исхрана кој дава брзи резулатти, затоа комбинацијата на ниско калорични диети и вежбање претставува најдобар начин да ослабете. Најдобра вежба за вас е трчање на лента, како и рипање на јаже.

ВАГА

Припадниците на овој знак често знаат да бидат неодлучни затоа овие совети можат да бидат од голема помош. Може ќе ви биде потребно малку мотивација за да почнете диета. Најпрво најдетестара фотографија и ставете ја на видно место како би Ве одржала на прав пат и би Ве спречила да се откажете. Исхраната базирајте ја на овошје и зеленчук, какоина намирници кои се добри за вашата кожа. Тоа е риба, јаткасто овошје и свеж зеленчук. Вежбајте во теретана, но само основни и едноставни вежби.

СКОРПИЈА

Позитивниот став кој го поседуваат Скорпиите ќе им помогне да ја издржат диетата до крај, режимот на исхрана кој може да Ви помогне да изгубите килограми е заснован на намирници кои немаат многу многу маснотии, но содржат есенцијални витамини како што се циник, омега 3 масни киселини, витамин Б и манган. Астролозите сметаат дека сексот е најдобра вежба за Скорпиите. Уживајте, забавувајте се и топете калории.

СТРЕЛЕЦ

Стрелецот е оптимист и спортски тип, па диетата и вежбањето не би требало да им претставува проблем. Меѓутоа, често знае да биде нестрплив. Диета со вино е можеби најдобро за вас. Што подразбира тоа? Се работи за медитерански начин на исхрана, а дозволена Ви е и чаша вино со ручекот, како и чоколадо, сирење и јаткасти плодови. Секако во умерена количина. Ако сте спортски тип, како повеќето Стрелци изберете активност во која највеќе уживате.

ЈАРЕЦ

Многу најдобри светски готвачи се родени во овој знак. Јарците се гурмани кои уживаат во убаво приготвената храна. Од друга страна се методични, па ако сакате да ослабете изберете било која диета која вклучува броење калории. Одлучност и дисциплина се особините кои можат да Ви помогнат да вежбате во фитнес група.

ВОДОЛИЈА

Сонувачи со слободен дух кои уживаат во суровата храна. Диета која е заснована на свеж зеленчук и јаткасти плодови со додаток на мусли е совршен за вас. Освен тоа, пронајдете физичка активност која ќе Ве опушти и ќе ја задоволи Вашата духовна страна. Астролозите препорачуваат јога.

РИБИ

Дружељубиви, сакаат да бидат на отворено, но понекогаш и да претераат со пијалоци кои се навистина калорични. Рибите можат да држат било каква диета која има строго одреден план, што и кога да јадат, во спротивно можат да се откажат. Повикајте ги пријателите и заедно вежбајте во теретана.

 

Поврзани статии:

Кои се ерогени зони на хороскопските знаци?

Хороскоп — 10 нешта што ги нервираат знаците

Идеална секс поза според хороскопскиот знак

 

loading...
Loading...