Владејачката Партија на регионите води на изборите во Украина

Владејачката во Украина Партија на регионите на претседателот Виктор Јанукович води на парламентарните избори одржани во неделата со 318 отсто, а го следи коалицијата предводена од партијата Татковина на затворената поранешна премиерка Јулија Тимошенко со 24,2 отсто.

Натаму, според резултатите од делумно обработените избирачки материјали што во вторникот ги објави Централната изборна комисија на Украина, следуваат партијата на комунистите со 13,9 и партијата УДАР (Украинска Демократска Алијанса за Реформи) на боксерскиот шампион Виталиј Кличко со 13,5 отсто, а националистичката партија Свобода е последната што го исполнува изборниот 5-процентен цензус за влегување во Врховната Рада (украинскиот парламент) со освоени 9,6 отсто од гласовите. Ове резултати се добиени по пребројување на гласачките ливчиња во 87 отсто од избирачките места за 225-те пратенички мандати коишто се избираат според пропорционалниот изборен модел.
Партијата на фудбалската ѕвезда Андри Шевченко и покрај големата присутност во медиумите пред изборите, освои само 1,6 отсто, со што не го мина изборниот праг.
Втората половина од 450-те украински пратеници ќе се добијат според мнозинскиот изборен модел во ткн едномандатните изборни единици.
Се проценува дека партијата на претседателот Јанукович може да освои околу 70 места според пропорционалниот модел, и најмалку уште 115 мандати според мнозинскиот. Партијата на регионите најверојатно ќе може да смета на поддршката од 25-те независни кандидати, како и на поголемиот број пратеници од помалите партии избрани според мнозинскиот модел.
Така се претпоставува дека „регионалците“ ќе имаат веројатно во коалиција со украинските комунисти, цврсто мнозинство во новиот парламентарен состав.

Макфакс

Пронајдете не на следниве мрежи: