Баричело се враќа на Ф1 патеките?!

По стапките на Кими Раиконен и Михаел Шумахер, сепак би можел и бразилецот Рубенс Баричело.

„Физички и психички сум сеуште спремен да возам Формула. Имено, доколку можат Михаел и Кими да се вратат, зошто да не и јас?“ се запраша Рубенс Баричело, кој во својата кариера забележа 11 победи и 68 искачувања на пиедесталот на победничките тројки.

Баричело во својата Ф1 кариера од 1993-тата година до 2011-тата година имаше 322 старта на трките на Формула 1.

Пронајдете не на следниве мрежи: