Во Ферари сеуште се надеваат на титулата

Алонсо во Индија извлече максимум од својот болид, стартуваше од петото и стигна до второто место, а тоа сепак нанесе голем оптимизам во тимот.

„Сигурно е дека Ред Бул има подобар болид од нашиот, тука нема сомнение, но, што можеме ние тука да направиме? Нема да плачеме, тоа е сигурно. Треба да работиме напорно без престанување. Тоа што велам дека имаат најдобар болид не значи дека треба да се откажеме“ изјави Доменикали кој се обидува на секаков можен начин да го мотивира својот возач број еден.

Пронајдете не на следниве мрежи: