Македонскиот претставник во БИБЛ натпреварувањето односно Балканската Лига, екипата на Кожув, го доби дуелот против грчкиот претставник, тимот на Кавала, со резултат 79-74.
Кај нашиот претставник најефикасен беше Пековиќ со постигнати 25 коша на натпреварот, по него беа Штерјов со 15 и Филиповиќ со 11 коша.
Кај гостите, Стефанидис со 19 коша беше најефикасен во противничкиот табор, по него беа Митровиќ со 15 и Крстевски со 11 коша на мечот.
Кожув беше неверојатен во три-поентирањата, 12 постигнати тројки, но, сепак процентот е мал 36 проценти реализација бидејќи имаа дури 33 обиди за три поени, и се чини дека ова беше клучниот фактор за победата на нашиот претставник.
Резултати по четвртини…
1. 19-15
2. 22-10
3. 26-19
4. 12-21
Наредниот меч за Кожув е на 6-ти ноември на гости кај Теодо.
Ова е втората победа на Кожув во БИБЛ лигата.
Фото: www.balkanleague.net
Пронајдете не на следниве мрежи: