Во експлозија во Авганистан убиени 11 цивили

Loading...

Најмалку 11 цивили, од кои седум жени и три деца, загинаа во средата во експлозија на две крајпатни бомби поставени од бунтовниците во јужната нестабилна авганистанска покраина Хелманд, јави AFP повикувајќи се на локалните власти.

Во експлозијата на првата бомба во областа Дизар во округот Муса Кала во покраината Хелманд убиени се осум лица, пренесува во средата агенцијата Pajhwok Afghan News (PAN) повикувајќи се на соопштение на авганистанското министерство за внатрешни работи кое за нападот ги обвинува авганистанските талибани.

Потоа локалните власти соопштија декa бројот на жртвите е поголем.
„Во експлозијата на бомба крај патот уништено е цивилно товарно возило при што загинале десет лица,седум жени и три деца“, изјави за AFP портпаролот на гувернерот на покраината Хелманд, Фарид Ахмад Фарханг кој додал дека се ранети шест лица.
Меѓутоа за PAN, началникот на полицијата на округот Амир Џан, изјавил дека во оваа експлозија загинале четири деца и три жени.
Неколку часа подоцна, втора бомба од домашно производство експлодирала крај пат во областа Кунџак во момент кога минувал мотоцикл со приколка, при што загинал еден маж, а уште четири лица од истото семејство, жена, маж и две деца, се ранети.
Според авганистанските власти, коишто нападите ги нарекоа „нехумани акти“.

Одговорноста паѓа врз „непријателите на  Авганистан“, со што најчесто ги означуваат талибанските бунтовници.

Макфакс

loading...
Loading...