Македонија ја совлада Швајцарија

Победа на нашите репрезентативци во квалификацискиот циклус за пласман на ЕП, совладана е селекцијата на Швајцарија со резултат 30-24.

На полувремето од овој меч резултатот гласеше 17-9.

Најефикасните во нашиот состав беа Стојанче Стоилов со постигнати 6 голови, Кире Лазаров постигна 5 голови, Дејан Манасков и Филип Миркуловски постигнаа по 4 голови.

Нашиот голман Митревски имаше 14 успешни интервенции.

За натпреварот со Португалија се враќа голманот Борко Ристовски.

Според информациите, МТВ прави максимални напори да обезбеди директен пренос од дуелот на гостински терен со Португалија.

 

Пронајдете не на следниве мрежи: