Николиќ тврди дека Србија и подготвено решение за Косово

Loading...

Власта има подготвено решение за Косово, тврди претседателот на Србија,Томислав Николиќ, а очекува датум за преговори со ЕУ, Србија да добие до крајот на годината.

На гостувањето на националната телевизија РТС, Николиќ рече дека на денешниот состанок со државниот врв ќе биде постигнат висок степен на согласност за платформата за Косово и Метохија, најавувајќи при тоа дека за тој документ ќе може да се изјасни и Собранието на Србија.
Најави и дека веќе следната недела може да се прошири составот на луѓе кои ќе се изјаснуваат за платформата за дијалог со Приштина.
„Јас разговарам со луѓето кои ги допира политиката, на улица, на село, град, но и во таков простор Србија е меѓународно призната држава, кон која многумина се однесуваат лицемерно. КОга зборувам во Собранието на ОН, јас таму говорам и како претседател на Косово, а надвор, кога се излегува од салата, се менуваат ставовите“, вели Николиќ.

Смета дека како претседател на Србија, сигурно никогаш нема да зборува во Приштина, но сепак, вели треба да се најде решение.
„Мислам дека сме на пат да ги убедиме големите сили кои некако овој проблем го испуштија од раце. Сега имаме подготвено решение и бесмислено е да се зборува за телекомуникации кога не знаете дали го средувате независно Косово или животот на Косово“, вели Николиќ, кој додаде дека не е се така заковано, посебно не на штета на Србија.
Вели дека пред желбата Косово да биде држава стои еден ѕид кој се нарекува членство во ОН, но дека за среќа постојат членки на Советот за безбедност, поради кои цела конструкција за албанските институции паѓа во вода.
Повтори дека државниот секретар на САД, Хилари Клинтон и високата претставничка на ЕУ, Кетрин Ештон, не барале од Србија да го признае Косово.
Николиќ рече дека Србија ќе ги исполни сите услови кои пред неа ги стави ЕУ и дека очекува да добие датум за почеток на преговори до крајот на годината.

Макфакс

Погледнете ги следниве статии

Николиќ не сака „територијален интегритет на Косово“ во документите на ЕУ

Николиќ: Ако Европа побара признавање на Косово, се откажуваме од европскиот пат

Николиќ: Србија никогаш нема да го признае Косово

loading...
Loading...