Неколку начини на кои жените ги украсуваат своите вагини

Loading...

Се поголем е бројот на девојки кои се доволно храбри и се впуштаат во сферата на експериментирање со дел од своето тело, ни помалку ни повеќе со нивната интимна зона, поточно нивната вагина. 

Во прилог прочитајте ги несекојдневните модни трендови на начин на кој вашиот интимен дел од телото би изгледал поинаку, секако и совет за секој моден тренд како да го примените.

Vajazzling модниот тренд кој зима се поголем замав во поглед на својата популарност. Моден тренд на украсување на женскиот интимен дел. По бразилската депилација на ова интимно подрачје по желба на клиентката нејзината вагина се украсува со дијаманти и кристали кои се лепат на кожата. Виновникот за овој невообичаен начин на украсување на вашата вагина го започна преубавата актерка Jennifer Love Hewitt.

Совет: Штотуку депилираната кожа е секогаш осетлива и надразнета, па затоа и не би се можело да се претпостави каква реакција би имало доколку и нанесете лепак. Покрај тоа, кристалите и дијамантите би можеле да ви предизвикаат повреди при сексуалните односи со вашиот партнер. Попаметно би било вашите пари да ги потрошите на некое парче секси долна облека или добар пар на незаменливото и најголемо задоволство – нови  високи потпетици во вашата палета на обувки.

Фарбање на срамните влакна – тренд кој е се по актуелен и применуван од страна на женската популација низ светот. Како основни причини за зачетокот на овој моден тренд се наведуваат потребата да се прикријат побелените влакна на интимниот дел или едноставната причина да девојките ги изненадат своите партнери со нешто невообичаено.

Совет: Кожата на интимното подрачје е посклона кон полесна иритација за разлика од кожата и коренот на косата на главата. Кога би се охрабриле на овој потег да ја фарбате својата вагина, направете го тоа мошне претпазливо бидејќи доколку бојата дојде во најосетливиот дел од вашата вагина тоа би ви предизвикало болка и печење. Секако овој моден тренд е препуштен на личниот избор на секоја девојка.  

Бразилска депилација или комплетно отстранување на сите влакна од интимната зона. Комплетна депилација на таканаречената бикини зона, со употреба на жежок восок.

Совет: Понекогаш болна но сепак подолготрајна. Интезитетот на болката зависи од јачината на фоликулите на самите влакна, нивната должина како и искуството на личноста која ја прави депилацијата. Ваквата депилација често доведува до појава на црвенило, осип, а понекогаш и склоност кон поголеми инфекции. Како дополнителен совет применете да избегувате ваков тип на депилација доколку сте во период на ПМС, бидејќи болката во тој период би била уште поинтезвина.

Пирсинг – дамите понекогаш се одлучуваат покрај вообичаените пирсинг места да си допуштат експериментирање и со пирсинг на својот клиторис или срамни усни.

Совет: Правењето на било какво таканаречено дупче на вашето тело е потенцијален извор за зголемен ризик од инфекции. Доколку се одлучите за овој моден тренд, постојано претпазливо посматрајте го тој дел од вашето тело, притоа следејќи дали би имало некакви промени, појава на црвенило и сл.

 

Погледнете ги следниве статии

 Нова мода во Англија-дизајнерски вагини

 

 

 

 

 

 

 

 5 женски тајни кои мажите не ги знаат

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 Предностите на сексот за една ноќ

 

 

 

 

 

 

loading...
Loading...