Хилари Клинтон: САД ќе биде со Албанија наредните 100 години

Loading...

САД ќе биде со Албанија и во наредните 100 години, нагласи за време на говорот во Албанскиот парламент, државната секретарка на САД.

Клинтон за време на кратката посета на Тирана изјави дека Албанија има потреба да создаде политички амбиент за соработка на политичките партии за успешни избори во 2013 година.
„Потребно е да се одржат коректни и балансирани избори со цел да се врати довербата кај народот за лидерите на партиите“ рече Клинтон.
Таа од институциите побара и бескомпромисна борба против корупцијата.

Клинтон на средбата со албанскиот премиер Сали Бериша изјави дека е среќна што доаѓа во Албанија оваа година, кога се одбележуваат 100 години од независноста на албанската држава.
Клинтон се сретна и со претседателот на државата Бујар Нишани и лидерот на опозицијата, Еди Рама.
Само неколку минути пред пристигнувањето на Клинтон во Тирана, полицијата спречи протести на поранешните политички затвореници, кои се насобраа пред неколку институции.

Ги собра во комбиња и ги внесе во полициските станици.

Макфакс

Прочитајте ги следниве статии

Дојче Веле: Хилари доаѓа без волшебен рецепт за Балканот

Клинтон во посета на Албанија

Дијаспората во САД: Клинтон испраќа лоша порака со изоставувањето на Македонија

loading...
Loading...