„Дејли Стар“ наведува дека англискиот премиерлигаш Тотенхем ќе се вклучи во трката за потписот на фудбалерот на Барселона, Алексис Санчез, кој моментално не е во прв план на тренерот на Барселона, Тито Виланова.
Санчез настапи на шест првенствени натпревари на последните десет натпревари, а сеуште не постигна ниту еден гол во Примера Дивизија, односно популарната „Ла Лига“.
„Дејли Стар“ вели дека челниците на Тотенхем стапиле во контакт со колегите од Барселона, и преговорите неофицијално се водат за трансфер од наредната сезона, односно за почетокот од наредната сезона.
Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK> може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.