Супер радио од Охрид ќе урива Гинисов рекорд

Loading...

Охридското Супер радио, најстариот приватен електронски медиум во Охрид и регионот и еден од првите во Република Македонија, по осамостојувањето, на 7. ноември ќе го прослави 20-от роденден.

Во чест на 20-тиот роденден, прославата на роденденот на радио станицата ќе биде дел од свеченостите со кои општина Охрид ќе одбележи 68 години слободен Охрид.
Супер радио, од своја страна, во чест на денот и својот роденден, ќе направи обид да биде првата Радио станица од Република Македонија која ќе го подобри Гинисовиот рекорд за најдолга радио емисија, со што добриот глас за Охрид и Република Македонија ќе стигне насекаде во светот. Актуелниот рекорд го држи радиото Кисс Фм од Германија со 74 часа.
Специјалната роденденска програма ќе започне во недела на  4. ноември точно во 08:00 часот и е предвидено да трае до 7. ноември напладне.

Водители на целиот проект ќе бидат Жанко „ЗШ“ Голабоски и Сашо Митаноски, потпомогнати од најголемиот дел од луѓето кои изминативе 20 години напишале некој дел од приказната наречена Супер радио.

Низ отворената програма ќе продефилираат првите луѓе на градот, но и голем дел од луѓето кои секојдневно ставаат печат на јавниот живот.
Целиот настан, покрај на фреквенцијата на Супер радио, во аудио форма ќе се пренесува во живо и на интернет мрежата. Исто така преку платформата на Веб Макс ТВ ќе оди во живо и во видео форма.

Се очекува и дел од ТВ станиците во државава периодично да се вклучуваат во настанот.

Макфакс

прочитајте ги следниве статии

Животни во Гинисовата книга на рекорди!

Меси пред соборување на рекордот на Пеле

Светскиот бестселер продолжува да руши рекорди

loading...
Loading...