Во присуство на голем број претставници на дипломатскиот кор и политичкиот живот во државата, во пригодна атмосфера, се одбележаа 55 години од денот на првиот лет на човекот во вселената, на безвременскиот космонаут Јуриј Гагарин. Делегација на Општина Карпош, предводена од градоначалникот Стевчо Јакимовски беше присутна на свечената средба со амбасадорот на Руската Федерација во Скопје, неговата екселенција, Олег Шчербак.Во рамките на јубилејното одбележување на големиот настан, беше презентирана тематска изложба „Нашиот Гагарин“ и краткометражен филм за подготовките за првото вивнување во вселената и обиколување на Земјата за 108 минути, од најхрабриот руски космонаут, Јуриј Гагарин. Во организација на „Добредојде Македонија“ (Macedonia welcome centar), многубројните присутни уживаа во понудената програма на денешниот свечен чин.
Амбасадорот Шчербак во своето експозе, потсети на вистинскиот настан пред 55 години, кој е запишан во историјата на човештвото како голем научен и човечки подвиг.
-Подвигот на Јуриј Гагарин ја започна бурната епоха во освојувањето на вселенскиот простор, која продолжува со летот на првата жена космонаут, Валентина Терешкова, на 16 јуни 1963 година. Нашата земја го има отворено патот до космосот, но неговото освојување е дело на целокупната човечка цивилизација – рече Шчербак.
Пригодно обраќање по повод јубилејниот празник имаше и градоначалникот на Општина Карпош, Стевчо Јакимовски кој напомена колку е важна одлуката на човекот да се вивне во вселената, во далечната 1961 година.
-Човекот кој прв се одважи да летне во дотогаш неосвоивите височини и да ја напушти планетата Земја и еден час и 48 минути да кружи во орбитата, потсетува на симболот на развој на цивилизациските вредности, на човековата желба за победа, неизмерна храброст и одважност. Тоа беше човек „чист во душата и телото“, прекрасен ум и голем интелект кој имал храброст, желба за победа. Токму тие карактеристики и историскиот лет во вселената му ги донесоа на овој голем човек ордените „Херој на Советскиот Сојуз“ и „Орденот на Ленин“ во неговата земја. Карпош знае да ги цени овие цивилизациски достигнувања, да им се воодушевува и да ги чува. Оттука ни претставува голема чест и искажуваме голема благодарност до Амбасадата на Руската Федерација и неговата екселенција, амбасадорот Шчербак за дадената донација, заедно во Карпош да го овековечиме овој подвиг со спомен обележје на наша територија – истакна Јакимовски.
Во рамките на одбележувањето на 55-годишнината од првиот лет во Вселената, делегација на Општина Карпош, претставници од Амбасадата на Руската Федерација и граѓани, му оддадоа почит со положување на свежо цвеќе на споменикот Јуриј Гагарин во Општина Карпош. Со сините 55 балони кои летнаа кон небото, симболично се овековечи овој ден како најголем придонес на развојот на светската цивилизација како и за продлабочување на меѓусебно разбирање и соработка.
Во рамките на јубилејното одбележување на големиот настан, беше презентирана тематска изложба „Нашиот Гагарин“ и краткометражен фи