Пристигна Pinterest апликација за Android и iPad

Loading...

Pinterest е социјална мрежа преку која, како што самото име кажува, корисниците споделуваат (закачуваат) интересни веб содржини преку еден вид виртуелна огласна/плутена табла.

Како и кај останатите друштвени мрежи, вашата табла е јавна за светот да може да ја прочита. Прикачувањето е едноставно, откако ќе пронајдете интересна статија или добра слика на некој сајт, се што треба е да се притисне ”Pin It” копчето – plug-in кој треба да го инсталирате на вашиот интернет пребарувач.

Апликацијата до сега беше достапна само за iPhone. Сега истата ќе можат да ја користат Android и iPad корисниците со што забавата се зголемува преку создавање на вашите сопстевни или пак листање на таблите на вашите пријатели или славни личности. Со сигурност ќе пронајдете некој интересен  кој ги сака истите работи како вас.

Апликацијата е бесплатна на App Store и Google Play.

Преземено од www.idroid.mk,

loading...
Loading...