5 најдобри филмски негативци

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Секој филм што ни дава херој што сите го сакаат е добар филм. Но филм кој ни покажува негативец кој ќе се памти со години е уште подобар!

Следниве ликови кои ќе ви ги претставиме ќе ги препознаете во секое време. Ова се ликови кои би се плашеле да ги сретнете во морничав хотел или во некоја далечна галаксија. Се надеваме дека популарноста на овие ликови ќе доведе само до имитирање во нивниот изглед, а не и нивните постапки.

 

Terminator

Се работи за киборг-убиец од иднината. Но, тој е препознатлив и по некои други работи. На пример, изведбата на Arnold Schwarzenegger во овој прв дел каде што тој беше негативец беше навистина незаборавна.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Freddy Krueger

Можеби ако гледаме строго според изгледот, ова е најужасниот лик на овој список. Изгореното лице и кафеавата ракавица со металните канџи… страшно! Овој лик најпрво се појави во филмот “A Nightmare On Elm Street” во 1984 година.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Voldemort

Оној-кој-не-смее-да-се-именува дефинитивно заслужува место на овој список. Иако е познат генерално само за помладите генерации, претпоставуваме дека луѓе од секакви возрасти веќе се свесни за постоењето на овој маѓепсник кој го посветува своето постоење на убивање на Harry Potter.Големо влијание на популарноста на овој лик е самиот изглед кој е претставен во филмовите, како и убедливата изведба на Ralph Fiennes.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Joker

“Нема да ме убиеш поради некаква изопачена смисла за правичност. А јас нема да те убијам затоа што си премногу забавен. Мислам дека јас и ти сме предодредени од судбината да се бориме вечно.”Ова е ликот кој во голема мера го направи филмот “The Dark Knight”различен од другите. Тој е манијакален криминален ум кој го тероризира градот Gotham, а чија цел е да настапи анархија. Тој е психопат чие единствено задоволство е масовно убивање без никакво сочуство. Ова беше последната улога на глумецот Heath Ledger, воедно можеби и неговата најдобра.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Darth Vader

Тоа е џедајот кој едноставно не можеше да одолее на темната страна. Денес, Darth Vader претставува синоним за зло. Тој е веројатно првиот негативец кој секому прв му паѓа на памет. Освен името и неговата приказна, ова е лик кој има прилично впечатлив изглед. Наметката, ставот и капата го прават вистински незаборавен негативец. 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Прочитајте ги и следниве статии:

Најстрашните филмски ликови без костими и шминка

 

 

 

 

Најдобрите филмски трансформации

 

 

 

 

Џорџ Клуни ја собра холивудската елита за својот најнов филм

 

Пронајдете не на следниве мрежи: