Швајцарците разочарани, Федерер бараше 2 милиони долари за настап во Базел

Организаторите на турнирот во Базел биле изненадени кога одеднаш Роџер Федерер го зголемил финансиското барање, тој добивал по половина милион долари за да игра во Базел, но, според германската новинска агенција ДПА сега за настап на турнирот барал дури четири пати повеќе, односно 2 милиони долари.

„Ќе направиме се што можеме да повторно осигураме присуство на теренот од страна на Федерер на овој турнир, секако, тоа ќе го правиме во рамките на своите можности, не можат сите да си дозволат Ролс-Ројс“ изјави Роџер Бренвалд, директорот на турнирот во Базел.

Сепак Федерер со став за ова…

„Да одам за пари, би ја сменил одлуката и би отишол да играм во Азија. Секогаш сум давал приоритет на Базел и премногу помогнав за турнирот“ изјави Федерер.

Пронајдете не на следниве мрежи: