Дилема: Втор брак – да или не?

Loading...

Навистина е голем предизвик да се создаде нова брачна заедница, посебно ако зад себе имате проpаднат брак. Секој брак започнува со големи очекувања, а вие веќе имате искуство – големи очекувања – големи разочарувања. 

 

Како последица на лошото искуство стравувате дека повторно ќе згрешите. Стравувате дека повторно ќе ги повредите децата, бидејќи со разводот на привот брак се растурил и домот на вашите деца.

Зад себе имате многу непроспиени ноќи поминати во размислување каде сте згрешиле, дали сте можеле да го спасите бракот. Речиси две години се борите со чувствата на вина и огорченост. Толку е барем потребно да се адаптирате на новата ситуација – губитокот на партнерот, семејството, заедничките пријатели. Повторно застанавте на “нозе” благодарение на поддршката од пријателите и поширокото семејство.

По неколку години вие сте пак среќни и вљубени и пред вас е голема одлука дали повторно да кажете “да”. Пред вас е повторно личност на која толку многу чекавте. Ви се чини дека светот е повторно “ваш”. Сепак, некаде длабоко во вас е црвот на сомнеж кој не ви дава мир. Што ако тој (таа) е ист(а) како мојот поранешен партнер, дали е навистина искрен(а) или само глуми дека ги сака моите деца – разни мисли ви поминуваат низ главата.

Факт е дека за вториот брак голем предизвик е создавање на среќно семејство, бидејќи кога влегувате во брак со деца од претходниот брак, вие од самиот почеток сте семејство. За некои пак, проблем е синдромот – поранешен партнер. Мал совет. Престанете да размислувате за неа или за него како конкуренција, бидејќи тој (таа) е веќе таму каде што и припаѓа, во минатото.

И за крај. Дали љубовта е гаранција за успешен брак и дали е доволно само да се сака некој и врз основа на тоа да ја започнете авантурата која се нарекува втор брак. Повеќето се занесени со новиот партнер и емоциите, и имаат големи очекувања од вториот брак. Убедени се дека никогаш повеќе нема да им се повторат грешките од претходниот брак.

 

Затоа доколку нивните очекувања во потполност не бидат исполнети, тоа значи дека и нивните разочарувањата ќе бидат поголеми. Запомнете, бракот се темели на љубов, разбирање и компромиси, без разлика дали е прв, втор или трет.

 

Поврзани статии

ТАЈНАТА за среќен брак: Еднаш неделно, релаксирајте се со шише вино

Откриена формулата за успешен брак

Кои се кризните моменти во еден брак?

 

loading...
Loading...