Дали мажите повеќе сакаат девици?

Eдно од најинтересните дилеми поврзани со љубовта и сексот, е дали мажите се уште преферираат девици, или тоа повеќе не е толку важно.Во светот во кој сексуалниот промискуитет е широко распространет и каде апстиненцијата од секс како и да не постои – речиси сите имаат секс – се чини дека ваквата полемика е беспредметна.

Тоа е така се’ додека не ги погледнете податоците кои кажуваат дека мажите се’ уште бараат „фина“ жена (читај: морална, невина) за да основаат семејство. Но, ако сексот пред брак е стандардна практика широко распостранета меѓу денешната младина, дали барањето девица е толку важно, да не кажеме возможно?

Проблемот со повеќето мажи е што тие сакаат да го задржат своето „колаче“, а во исто време сакаат да го збогатат своето мени за промена со нешто друго. Тие сакаат да спијат со многу жени, а ги осудуваат жените кои го прават истото.

И таму лежи проблемот, мажите бараат жени за авантура, а не им одговара да основаат семејство со жена чија сексуална историја е исто толку бурна како и нивната.

И како некој очекува да пронајде девица, кога денешнте жени се под притисок дека не треба да се воздржуваат од секс, бидејќи тоа се смета за старомодно.

Еден совет за мажите: Не дозволувајте нејзиното претходно искуство (или неискуство) да биде одлучувачки фактор за вашата заедничка потенцијална иднина. И не мислете дека имате право да знаете се’ за нејзините претходни љубовни врски. 

Сексот е главна компонента во повеќето врски. Исто така е важна компонента во потрага по личност која има ист сексуален менталитет како и вие. Затоа, отфрлете ги предрасудите и одете само напред!

 

 

 

Погледнете ги и следниве статии:

Кегелови вежби за подобар оргазам

 

 

 

 

Вијагра за жени

 

 

 

 

Проценете каква е според нејзините гради

 

Пронајдете не на следниве мрежи: