Кои се најнесреќните жени на светот?

Интересно истражување со уште поинтересни резултати.
Имено неомажените Бугарки се меѓу најдепресивните жени на светот, а во нивното друштво им се придружуваат и Американките, Бразилките и Мексиканките.
Дамите од Шведска и Норвешка, пак се дел од испитаниците на кои им е сеедно дали се омажени или не. 
Истражувачки тим од германскиот универзитет во Келн произнесоа резултати за тоа колку луѓето се среќни од начинот на живот, традицијата во државата во која живеат како и семејниот статус. Според добиените резултати од истражувањето припадничките на понежниот пол без разлика дали се во семејна заедница или заедно со некој партнер тие и на двата начини се депресивни, поточно кажано не многу среќни.
За ралика од жените, посилниот пол мажите сметаат доколку имаат пари, семејниот статус им е на второ место, безмалку незначаен. 
Истражувањето е спроведено во 28 земји во кои учествувале 22.000 испитаници.

Пронајдете не на следниве мрежи: