Сензација!!! Карабатиќ сака да игра за Црна Гора!!!

Никола Карабатиќ изрази желба да игра за ракометната репрезентација на Црна Гора, пренесоа медиумите од Црна Гора.

Во четвртокот во Руен француската репрезентација во квалификациите за ЕП 2014 година ја победи Литванија со резултат 27-18, а на тој натпревар Карабатиќ не играше, но би требало да настапи на натпреварот против Турција во недела.

Карабатиќ со посредство на својот менаџер контактирал со челниците на Црногорскиот ракометен сојуз, како што пренесуваат медиумите од таа земја, челникот на РСЦГ Предраг Павичевиќ ја потврди таа информација за дневните новини.

„Таа информација пријатно не изненади нас. Постојат индициии сигурно дека ни одговара фактот што еден таков ракометар од таков калибар како Карабатиќ размислува за Црна Гора“ изјави Павичевиќ.

Пронајдете не на следниве мрежи: