Червар: Чупич е најдобро десно крило во светот

Металург оваа сезона се надмина себе си во групата „Ц“ во лигата на шампионите, во која игра со Киелце, Горење, Бјерингрбо, Санкт Петерзбург и Шамбери. Во досегашните натпревари Металург не доживеа пораз, а Лино Червар зборува за она што е до сега сработено, и она што следи во иднина.

„Во нашата група можеби единствен притисок има Киелце. Полската екипа мора да го прифати својот статус, порати добриот состав и добрите резултати, Киелце е фаворит“ вели Червар во пресрет на мечот со Киелце.

Чупич? „Па тој е најдоброто десно крило во свет, без никакви дилеми и сомненија“ вели Червар во интервјуто за „ХрСпорт“.

Пронајдете не на следниве мрежи: