Кире Лазаров: Португалија не треба да се потцени

Кире Лазаров во пресрет на утрешниот дуел против Португалија во интервју за „НоваМакедонија“ нагласува дека противникот не треба во никој случај да се потцени.

„Се работи за млада и полетна репрезентација, која иако е послабо рангирана од нас, не треба воопшто да се потцени. Знам дека нема да биде лесно, бидејќи во современиот ракомет нема аутсајдери, но ако го повториме тоа што го знаеме, како во одбраната така и во нападот, тогаш може да славиме“ вели Лазаров во интервју за „НоваМакедонија“.

Извор: „НоваМакедонија“

Пронајдете не на следниве мрежи: