Скандинавците во однос на граѓаните од другите делови на Европа најмногу своето време и пари ги трошат на културата.
Според истражувањето Данците се Европејците коишто најмногу трошат на културата.
Тие на посета на културни настани и други работи поврзани во културата за купување книги, филмови и други културни содржини, трошат речиси 5,5 отсто од својата заработувачка.
Во кино Данците одат повеќе од која и да е друга нација во ЕУ.
Од 2006 година помалку од половината Европејци биле во кино барем еднаш.
Зад Данците следат Финците и Чесите, коишто на културата трошат 5 отсто од својата заработувачка.
Европскиот просек, инаку, изнесува околу 4 проценти.
Данците се исто така и меѓу најкреативните во ЕУ заедно со Швеѓаните, Финците и Латвијците.
Швеѓаните и Финците имаат најмногу уметници и писатели во земјите од ЕУ.
Меѓутоа, во овој домен предничат сепак Исланд и Норвешка коишто инаку не се членки на ЕУ, каде што во сферата на културата работат 3,2, односно 2,6 отсто од вкупната работна сила, додека просекот во ЕУ изнесува 1,7 проценти.
Најмногу студенти на уметности имаат Британците и Ирците, 6,8 односно 6,6 отсто, наспроти просекот во ЕУ од 3,8 отсто.
Од друга страна, најмалку заинтересирани за културата се Бугарите, Грците и граѓаните на Луксембург.
Жените повеќе читаат од мажите. Во сите држави членки на Европската унија, уделот на жените коишто ќе прочитаат барем една книга годишно, најмалку е за десет проценти поголем од уделот на мажите.
Најмногу книги се читаат во Шведска и во Финска, а на трето место е Чешка.
На светско ниво Европа претставува центар на културата. Не само што на европскиот континент се наоѓаат најмногу локации заштитени како светско културно наследство од кое и да е друго место на планетата, туку Европа и извезува 50 отсто повеќе културни продукти отколку што увезува. Се тргува најмногу со книги и слики, и најмногу со САД и со Швајцарија.
Макфакс
Пронајдете не на следниве мрежи: