Поучна приказна – Разговор со Господ

Еден ден сонував како разговарам со Господ.

’’Значи сакаш да разговараме’’ – Ме праша

– Ако имаш време му реков

ГОДПОД се насмевна и ми одговори ’’моето време е вечност, што сакаш да ме прашаш’’

– Што најмногу те изненадува кај луѓето?

Господ ми одговори:

’’Тоа што детството брзо им станува здодевно, и брзаат да пораснат, а потоа копнеат пак да бидат деца ’’

’’Тоа што го трошат здравјето за да печалат пари, а потоа парите ги трошат за да си го вратат здравјето ’’

’’Тоа што секогаш размислуваат за иднината, негледајќи ја сегашноста, притоа не живеејќи ниту во едната ниту во другата ’’

’’Тоа што живеат како да никогаш нема да умрат и на крајот умираат како никогаш да не живееле’’

Потоа го прашав – Како родител кои животни лекции би сакал твоите деца да ги научат?

Господ со насмевка ми одговори

’’Да научат дека никого неможат да присилат да ги сака, но можат да сакаат и даруваат љубов ’’

’’Да научат дека не е убаво да се споредуваат со други, туку секогаш да бидат свои’’

’’Да научат дека богат не е оној кој има најмногу, туку оној кој бара најмалку’’

’’Да научат дека доволни се само неколку секунди да отвориме длабоки рани кај оние кои ги сакаме, а потребни се многу години да ги излечиме ’’

’’Да научат дека постојат луѓе што ги сакаат, но едноставно незнаат како да ги покажат своите чувства ’’

’’Да научат дека две личности може да гледаат во иста работа, но да ја доживуваат различно’’

’’Да научат дека вистински пријател е оној кој знае се за вас, и сепак ве сака’’

’’Да научат дека со пари може да се купи, се освен среќа и љубов’’

’’Да научат да прстуваат…за да можат самите на себе да си простат’’

Луѓето ќе заборават што си направил. Луѓето ќе заборават што кажал. Но никогаш нема да ги заборават чувствата што кај нив си ги разбудил.

 

Погледнете ги следниве статии

 Посреќни се оние кои имаат сестра

 

 

 

 

 

 

 Редовниот појадок значи здрав живот

 

 

 

 

 

 3 продукти кои може да ја заменат четката за заби

 

 

Пронајдете не на следниве мрежи: