Сафарова: Неможам да го опишам чувството како е да славиш пред вакви навивачи…

Втора година по ред ФЕД купот му припадна на истите натпреварувачки, репрезентативките на Чешка, кои ја одбранија титулата во завршниот натпревар со селекцијата на Србија на „О2“ арената во Прага.

„Неможам да го опишам чувството како е да победите пред вакви навивачи…“ изјави Сафарова која беше можеби најзаслужна за овој триумф, бидејќи во последниот меч ја победи убедливо српската тенисерка Јанкович со 2-0 во сетови.

Конечниот резултат од мечот во финалето меѓу Чешка и Србија гласеше 3-1.

Пронајдете не на следниве мрежи: