Ферер го урна „полското чудо“ Јанович и славеше во Париз

Давид Ферер во два сета го победи Јиржи Јанович во финалето од АТП Мастерсот во Париз.

Првиот сет Ферер го доби со резултат 6-4, додека пак вториот а воедно и решавачки Ферер го доби со резултат од 6-3.

„Ова беше неверојатна недела за мене, не очекував вакво нешто навистина. Играв во финалето на еден од најдобрите турнири во светот и тоа против еден од најдобрите тенисер во светот. Сакам да му честитам, играше неверојатен тенис“ изјави Јанович по натпреварот.

Пронајдете не на следниве мрежи: