Македонија поразена од Португалија

 

Машката ракометна селекција беше поразена на гостувањето кај Португалија во рамките на квалификациите за пласман на ЕП 2014 година со резултат 32-25.

Лош натпревар за нашите репрезентативци кои со премногу слаба игра беа поразени од Португалија.

Кире Лазаров со девет голови беше најефикасен на натпреварот во нашата селекција, додека пак кај селекцијата на Португалија Карниеро со постигнати 8 голови беше најефикасен во противничкиот табор.

Конечниот исход од мечов гласеше со резултат 32-25, на полувремето од мечот резултатот гласеше со 18-13.

Следниот натпревар нашата селекција го игра во март 2013-тата година, а противник ќе биде силната селекција на Шпанија.

Пронајдете не на следниве мрежи: