Петрова ја освои Софија

Русинката Надја Петрова го освои турнирот во Софија, таа во финалето од овој турнир беше поуспешна од данската тенисерка Каролин Вознијаки.

Петрова во финалето го доби мечот со Вознијаки во два сета. Првиот сет русинката го доби со резултат 6-2, додека пак вториот а воедно и решавачки Петрова го доби со резултат 6-1.

Претходните две години во Софија овој турнир го освојуваше србинката Ана Ивановиќ.

Пронајдете не на следниве мрежи: