Екипата на Баер од Леверкузен го доби дуелот со Фортуна Дизелдорф со минимална победа од 3-2, додека пак на вториот натпревар за денес во Бундес Лигата, тимот на Вердер со 2-1 беше поуспешен од Мајнц на домашен терен.
Сем во 16-тата минута го отвори натпреварот за водство од 1-0 за Баер од Леверкузен, а во 40-тата минута на 1-1 израмни Нандо Рафаел. Минута подоцна Шурле повторно ги врати домаќините во водство, овој пат од 2-1.
Во вториот дел Баер стигна до водство и од 3-1, а конечните 3-2 на мечот ги постави Боџек во 86-тата минута од мечот ублажувајќи го поразот на екипата на Мајнц, во редовите на гостите Николче Новески одигра цел натпревар.
На вториот дуел денес, Вердер во 10-тата минута од мечот преку Хант поведе со 1-0, и тоа беше резултатот од првиот дел. Во вториот дел Шалај во 64-тата минута израмни на 1-1, а конечните 2-1 ги постави повторно Хант во 85-тата минута од мечот донесувајќи му победа на својот тим.
Резултати 10-то коло „Бундес Лига“…
Ајнтрахт Франкфурт-Гројтер Фурт 1-1
Борусија Д.-Штутгарт 0-0
Борусија М.-Фрајбург 1-1
Хановер-Аугзбург 2-0
Нирнберг-Волфсбург 1-0
Хофенхајм-Шалке 3-2
Хамбургер-Баерн М. 0-3
Баер Л.-Фортуна Дизелдорф 3-2
Вердер-Мајнц 2-1
Пронајдете не на следниве мрежи: