Денес се играа натпревари од десеттото коло од англиската премиер лига, каде на двата меча резултатот гласеше нерешено 1-1.
Ливерпул и во третиот натпревар последователен во Премиер Лигата не успеа да дојде до победа.
На „Енфилд“ натпреварот меѓу екипите на Ливерпул и Њукасл завршу со поделба на бодовите, односно со резултат 1-1. Кабаје ги доведе гостите во водство од 0-1 во 43-тата минута од мечот. Во вториот дел од натпреварот Суарез стрелаше за 1-1 и тоа беше конечниот исход од мечот.
На другиот меч денес, КПР и Ридинг одиграа исто 1-1, и овде гостите први поведоа, преку Горкс во 16-тата минута од мечот. На само четири минути до крајот на мечот Сисе му донесе бод на својот тим.
Резултати 10-то коло…
Манчестер Јунајтед-Арсенал 2-1
Фулам-Евертон 2-2
Норвич-Стоук 1-0
Сандерленд-Астон Вила 0-1
Свонси-Челзи 1-1
Тотенхем-Виган 0-1
Вест Хем-Манчестер Сити 0-0
КПР-Ридинг 1-1
Утре со почеток од 21 часот се комплетира десетото коло со натпреварот ВБА-Саутемптон.
Пронајдете не на следниве мрежи: