Борис Тадиќ се откажа од кандидатура за лидер на ДС

Поранешниот српски претседател и лидер на Демократската партија (ДС), Борис Тадиќ соопшти во неделата дека се откажува од уште една кандидатура за претседател на партијата повикувајќи ги партиските функционери и членови да ја спречат поделбата која ѝ се заканува на оваа партија.

Борис Тадиќ својата одлука ја соопштил на Централниот одбор на Демократската партија кој ја одржува својата седница во Белград, откако претходно во текот на денот на седницата на ова партиско тело предупреди дека „над Демократската партија се надвиле опасности, а една од нив е поделбата“.
„Мораме сите заедно да размислиме за последиците од продлабочувањето на поделбите во ДС, не само за партијата, туку и за општеството и за граѓаните на Србија“, порача Тадиќ во текот на седницата на Централниот одбор кој беше отворен за јавноста.
Од повторната кандидатура за функцијата потпретседател на партијата, се откажа и донеодамнешниот министер за одбрана и близок соработника на Тадиќ, Драган Шутановац.
Борис Тадиќ во јуни годинава ги загуби претседателските избори во Србија од актуелниот претседател Томислав Николиќ, а неговата намера по поразот да стане премиер пропадна кога неговите довчерашни коалициони партнери Социјалистичката партија на Србија (СПС) на актуелниот премиер Ивица Дачиќ и нејзините коалициски партии решија да состават власа со Српската напредна партија (СНС) на Николиќ којашто освои најмногу пратенички мандати.
Тадиќ во неделата во белградскиот „Сава Центар“ изјави дека најверојатно ќе биде почесен претседател на партијата.

Исто така, тој соопшти и дека се прифатени сите негови предлози за измена на партискиот статут, со кој се зајакнати овластувањата на претседателството во однос на претседателот на партијата.
Изборите за челник на Демократската партија најверојатно ќе се одржат на 25-ти ноември, на изборното собрание на партијата.

Макфакс

Погледнете ги следниве статии

Се распаѓа ДС на Тадиќ

10 милиони евра за главите на Дачиќ и Тадиќ

Прислушувани српскиот претседател Николиќ и вицепремиер Вучиќ

 

Пронајдете не на следниве мрежи: