Го променил/а полот на 16 години и се пријавил/а за Мис на Англија

Џеки Грин (19) е родена како машко. Благодарение на големата поддршка од нејзините родители, таа уште на 14 години започнала со хормонска терапија, додека на 16 се оперирала за промена на полот.

 

Таа е родена како Џек. На само 4 години и кажала на нејзинита мајка, дека Господ направил грешка и дека таа требало да биде женско. Заробена во телото кое го мрази, таа прв пат се предозирала со лекови на само 11 години, а се обидела да се самоубие 6 пати до нејзините 15 години. Семејството морало да ги крие лековите и ножевите од дома, затоа што таа се заканувала дека ќе ги отстрани своите гениталии.

 

Со своите 16 години, Џеки е најмладата личност во светот која направила операција за промена на полот. Таа вели дека без таа операција, таа не би била тука. Таа отсекогаш требало да биде женско. Таа вели дека нејзиното тело нејзе не и одговарало и дека едноставно станува збор за грешка при рагањето. 

 

Нејзината мајка вели дека Џек отсекогаш си играл со кукли. Тие на почетокот мислеле дека станува збор само за фаза, но со тек на време тој не сакал да ја шиша повеќе својата коса, ја соблекувал школската униформа и се облекувал во женска униформа и слично. На 8 годишнна возраст тој им испратил мејл на сите од неговото училиште каде им објаснува дека тој е всушност девојка заробена во ова тело. 

Во средно училиште сите немилосрдно ја мачеле, и во тој период Џек се обидувал повеќе пати да се самоубие. Хормонската терапија ја променило анатомијата на неговото лице, а тоа значело дека е потребен уште еден последен чекор-да направи операција за промена на полот.

 

 

Со оглед на тоа дека таа операција во Велика Британија е забранета до 18 години, таа открила дека може тоа да го направи на 16 во Тајланд, Па така за нејзиниот 16 роденден таа беше оперирана 7 саати. Тајланд повторно го посетила на 18 години за да ги зголеми своите гради. Сега Џеки има тело кое воодушевува. 

 

Брзо после операцијата таа се пријавила за Мис на Англија каде што стигнала до полуфиналето. Наредна година планира пак да се пријави. Таа веќе две години има дечко. 

 

Погледнете ги и следниве статии:

Aмеба која го јаде мозокот убива во Пакистан

 

 

 

Чудата сепак се случуваат

 

 

 

90 пластични операции за да изгледа совршено

Пронајдете не на следниве мрежи: