Мирисот од пекарите – Причина за поголема добрина кај луѓето

 

Мирисот на штотуку извадениот и печен леб од фурната, мирисот на кифличките и разно разните пекарски задоволства.

Се верува дека мирисот на овие пекарски задоволства има влијание во однесувањето на луѓето, особено на дадена личност која ја доживува таа состојба и нејзиното однесување кон блиската околина.

Одредените мириси кои произлегуваат од некои пекари, научниците се убедени дека се причина за зголемено позитивно влијание и расположение кај луѓето, кое само по себе води до поголема меѓусебна добрина помеѓу нив.

За да ова тврдење биде достојно група на научници при Универзитетот од јужна Бретања  во Франција, ангажирајќи осум млади момчиња и девојки и рамномерно поставувајќи ги пред пекарите спроведе мало истажување.

Волонтерите притоа стоејќи пред пекарата намерно од своите торби ваделе предмети кои притоа наводно случајно ги испуштале се со цел да се утврди колкав број од случајните минувачи ќе посегнат по паднатиот предмет.

Експериментот бил повторен повеќе од 400-тини пати. Во 77% од намерно направените ситациии случајните минувачи посегнувале кон паднатиот предмет, притоа враќајќи му го на сопственикот.

За да биде уште по прифатилив и аргументиран овој факт дека ипак мирисот на пекарите влијае врз расположението на луѓето, истиот принцип кој бил споведен пред прекарите, бил направен и пред продавниците за продажба на гардероба.

Во овој случај само 52% од случајните минувачи, се потрудиле да излезат во пресрет земајќи го паднатиот предмет и враќајќи го на сопственикот.

Со приложените резултати може со сигурност да кажеме дека местата во кои се шири пријатна миризба е причинител за спонтаното постојано позитивно расположение кај луѓето.

Погледнете ги следниве статии

 Практичен и совршен мебел за вашиот мал стан

 

 

 

 

 

 

 Покажете му среден прст на дождот

 

 

 

 

 

 

 

 Како изгледа денес пејсажот од најгледаната слика на светот

 

 

Пронајдете не на следниве мрежи: