Пеперутката и човекот – Поучна приказна

 

 

“Еден ден, се појави една мала дупка во една кукла. Човекот мудро седеше и гледаше како пеперутката неколку часа се мачи да го провлече своето слабо тело преку таа мала дупка.

Тогаш пеперутката застана. Се чинеше дека не може да продолжи. Човекот реши да и помогне на пеперутката: зеде нож и ја отвори школката. Пеперутката излезе веднаш надвор со леснотија. Но, имаше слабо тело и нежни крилца.

Човекот продолжи да ја гледа, очекувајќи дека секој момент ќе ги отвори крилата и ќе полета. Сепак, ништо не се случи! Пеперутката го помина целиот свој живот ползејќи наоколу со своето слабо тело и неразвиени крилја. Никогаш не летна.

Човекот и покрај неговата љубезност и добрите намери, не разбрал дека тешкотиите низ кои пеперутка морала да помине, излегвајќи од капсулата, ги измислил Бог да крвта од телото на пеперутката дојде во крилјата и штом ќе се ослободи од капсулата да е подготвена да лета. 

Понекогаш тешкотиите се она што ни е потребно во животот … 
Ако Бог нас не ослободи од сите пречки, Тој би не осакатил. Никогаш не би станале онолку силни колку што можеме да бидеме. Ние никогаш не би можеле да летаме…” 

Барав Сила……и Бог ми даде Потешкотии кои ме зајакнаа… 
Барав Мудрост……и Бог ми даде Проблеми кои требаше да ги решам… 
Барав Богатство……и Бог ми даде Мозок и Тело да можам да работам… 
Барав Храброст……и Бог ми даде Препреки кои морав да ги совладам… 
Барав Љубов……и Бог ми даде Луѓе на кои требаше да им помогнам… 
Барав Услуги……и Бог ми даде Шанси… 

„Не добив ништо од она што барав, но добив се што ми требаше.„ 
„Живеј живот без страв и соочи се со препреките и знај дека можеш да ги надминеш сите„.

 

Погледнете ги следниве статии

 Поучна приказна – Разговор со Господ

 

 

 

 

 

 Мирисот од пекарите – Причина за поголема добрина кај луѓето

 

 

 

 

 

 „Пукањето“ на прстите – добро или штетно?

 

 

 

Пронајдете не на следниве мрежи: