Видео спотот за најновата песна на поп пеjачката Елена Ристеска – „Опасно време“, во понеделник ќе биде промовиран во кафетеријата „Драма“ на улица `Македонија` (спроти ресторанот `Пелистер`).
Пејачката Ристеска по едногодишна апстиненција, супериорно се враќа на сцената во до сега невидено издание.
Видео клипот е различен од сето досега видено од Елена како видео продукција и е всушност “краток игран филм“ во режија на младиот автор Даниел Јовески.
Покрај главната “хероина Елена“, во спотот играат и професионалните актери Славиша Кајевски и Нино Леви.
Спотот се снимаше на дваесеттина локации во Скопје и Охрид во период од една седмица.
Песната „Опасно време“ е снимена во студиото „Димитрови“, автор на музиката, аранжман и продуцент е Дарко Димитров, а текстот е заедничко дело на Мирко Попов од ПМГ и Елена Ристеска.
Погледнете ги следниве статии
Премиерно новиот спот на Калиопи
Нешто ново и од Елена Ристеска
ФОТО: Елена Ристеска продолжува со промените во својот живот
Пронајдете не на следниве мрежи: