Маса: Вебер го предизвика инцидентот, не е прв пат судиите да носат погрешни одлуки

Фелипе Маса смета дека Марк Вебер треба да биде казнет поради нивниот судар на трката за „Големата награда на Обединетите Арапски Емирати“.

„Јас навлегував од внатрешна страна, а тогаш се допревме на излезот од свиокот. Потоа тој одлучи да помине преку шиканата, па тука ја пресече, целосно ми го пресече просторот и се најде пред мене, морав да закочам силно за да не го удрам и се свртев целосно. Тој го предизвика инцидентот“ вели Маса.

Меѓудругото, тој додава…

„Не е прв пат да видиме како судиите не донесуваат исправни одлуки. Се одлучија да не превземат ништо, што е за мене потполно некоректно“ беше коментарот на Маса.

Пронајдете не на следниве мрежи: