Опасност од поплави по долниот тек на Драва

Loading...

Словенечката агенција за околина прогласи во понеделник голема опасност од поплава, или „црвен аларм“, за долниот тек на реката Драва, кон границата со Хрватска.

Како што наведува агенцијата во соопштението за јавност објавено на нејините интернет страници, Драва на границата со Австрија, утрото во понеделник во 9 часот достигнала проток од 1.400 кубни метри во секунда кој постојано се зголемува, па се очекува до пладне да стигне до 2.000 метри кубни во секунда.
Затоа за населбите покрај Драва во нејзиниот долен тек, низводно од браната „Меље“ и „Марковци“, постои голема опасност од поплави.
Заради силните дождови ноќта меѓу неделата и понеделникот, кои биле нешто послаби од најавеното и натаму постои опасност од поплави во западниот дел на Словенија, како и во средниот дел од земјата, покрај Сава и Љубљанчица.
Вечерва се очекува и пораст на водостојот на реката Мура во источниот дел на Словенија.

Макфакс

Погледнете ги следниве статии

Најмалку 22 загинати, 60.000 раселени од поплави во Индија

Словенија: Зголемен бројот на труења со печурки

Автомобил излета во река, четворица мртви

 

loading...
Loading...