Во Подгорица изгореа шест станови, 15 семејства на улица

Повеќе од 50 луѓе, или 15-тина семејства, останаа без покрив на главата, откако пожар пеплоса неколку станови во зградата на старото машинско училиште во Подгорица, јавија црногорските медиуми.

Во пожарот кој избил во понеделник во 3 часот наутро, за среќа никој не е повреден, но причинета е голема материјална штета.

Пожарот потполно уништил шест станови, кои се наоѓале во поткровјето на зградата.

Уште 10-тина станови се значително оштетени и во нив нема услови за живот, поради штета на таваните.

„Сè изгоре, горните станови се потполно уништени”, вели еден од станарите.

Причината за пожарот сè уште не е позната, а истрагата е во тек.

Макфакс

Погледнете ги следниве статии

Во пожар во Мексико 26 загинати

Гостиварец изгоре во пожар

Повреден пожарникар при гаснење на пожар

Пронајдете не на следниве мрежи: