Денес се навршуваат 18 години од смртта на принцот на рокот во Југославија, Милан Младеновиќ. Неговиот живот згасна на само 36 години, но тие беа и повеќе од доволни да Милан зад себе остави неизбришлив траг во музичката историја на Балканот.
Иако од неговата смрт поминаа скоро две децении, легендата за него живее со истиот жар. Овој шармер, за кого голем број од жените сметаа дека е прототип на совршениот маж, со својата работа остави длабок траг во музката која ја слушаат сите генерации.
Роден на 21 септември 1958 години ва Загреб, во семејство на татко офицер и мајка домаќинка. Уште од неговото раѓање, па се до неговата смрт, се бореше за музиката и живееше по правилата кои таа му ги одредуваше. На почетокот, како и секоја добра рок анд рол приказна, немал подршка од родителите за неговиот избор да се бави со музика, но по одреден период, откако го виделе и самите неговиот талент, одлучиле да го подржат.
Сериозните почетоци биле на самиот почеток на осумдесетите, кога заедно со Драгомир Михајловиќ ја основаа групата Шарло Акробата. По распадот на бендот, заедно со Драгомир го основа Катерина II, а по две години им се придружува Маги, Бојан, Печер и Фичи. По одредени распправии меѓу нив, Драгомир си заминува од бендот заедно со правото над името, па така Милан и дружината стануваат Екатерина Велика.
Никогаш не уживал во вниманието што го добиваше од своите фанови, сметајќи дека тие треба да уживаат во неговата музика, а не во него. Многу девојки го опседнуваа за време на концертите, но негова најголема љубов беше и остана Маја Маричиќ на која и ја посвети и песната Oci Boje Meda.
Беше дел и од бендот Римтутитуки, како и од концертите оганизирани со цел да се запре војната што ја растргна Југославија.
Во јавноста циркулираа разни приказни дека Милан конзумира дрога, како и дека е ХИВ позитивен, што никогаш не беше потврдено.
Во август 1994, по настапот на ЕКВ на фестивал во Будва, Милан бил пренесен во болница каде му беше диагностициран рак на панкреасот. Почина по три месеци долга и тешка борба, а на денот на неговата смрт, неговото измачено тело тежеше само 35 килограми.
Еве една од неговите последни изјави, со која е и завршена монографијата посветена токму нему:
“Во никој случај не жалам што сите овие години ги потрошив на толку несериозно работи како R'n'R, и мислам дека поискрено и почесно не можев да ги живеам овие години.”.
Поврзани статии:
Цел албум на ЕКВ – Љубав
Пронајдете не на следниве мрежи: