7 начини како да ги исушите вашите чорапи

Ви ги претставуаме 7-те начини како да си ги исушите вашите чорапи.

Прочитајте:

1. На жица – иако после проемните во Законот за домување овој начин не е баш соодветен, сепак чорапите можете да ги спружите на жица и да чекате водата едноставно да се исцеди/испари од нив

2. Сушење со фен – не многу користен метод на сушење чорапи, но верувајте дека навистина е брз и едноставен.

3. Мафтање – овој начин можете да го применувате во топлите денови кога многумина немаат што да прават во слободното време. Фатете по еден чорап во секоја рака и почнете да го мафтате на сите страни. Тука се подразбираат:

– мафтање со вртење во круг

– мафтање лево десно

– мафтање горе долу (како шамифче кога испраќате некого)

– free – style мафтање кое е комбинација од сите погоре наведени

4. Цедење – малку макотрпен, долготраен но успешен начин за сушење на чорапи. Фаќате по една чорапа и почнувате да ја цедите вртејќи со двете раце во обратна насока додека ја држите чорапата за двата краеви. По можеби скоро 4 – 5 саати чорапата ќе биде сосема сува.

5. Поставување врз грејно тело (радијатор, термо и тн.) – ризичен начин кој може да доведе до спалување на чорапите но е доста експресивен и ефикасен. Кај овој метод мора да се напомене дека при сушењето чорапите треба повремено да се вртат од една на друга страна за да не дојде до евентуално согорување на материјалот поради високите температури на грејните тела во вашиот дом.

6. Столица – сушење – овој метод е најчесто применлив во зима, кога не можете да ги користите жиците на балкон/тераса или евентуално сушалната (која ако ја внесете во соба ќе завземе доста простор) поради влажноста на воздухот која ќе го успори процесот на сушење на чорапите а студот може и да ја замрзне водата при што се добиваат привремени бумеранзи. Во тој случај чорапите се редат по дома по потпирачите на столиците со што истите ќе се сушат од топлината на вашиот дом. Не заборавајте, дел од водата ќе си навлезе и во самото дрво на столиците.

7. Машина за перење алишта со програма за сушење на истите – најверојатно најскап метод за сушење на чорапи, но е долготрајна инвестиција со која ви се гарантира автоматско сушење на чорапите по нивно перење. Овој начин од вас бара само еднократно одврзување на ќесето со парички. Остатокот од работата е на самата машина.

Секако, доколку сакате да ги избегнете овие начини на сушење, постои опцијата воопшто да не ги перете чорапите  па или да ги носите додека не се распаднат сами од себе или носените да ги фрлате и да купувате нови со што се избегнува потребата од нивно сушење.

 

Погледнете ги следниве статии

 Неколку Кока Кола факти

 

 

 

 

 

 Галерија од двоглави животни

 

 

 

 

 

 

 Уметност во шоља кафе

 

 

Пронајдете не на следниве мрежи: