“Храбро срце”, “Разбивачот Ралф” и “Подемот на чуварите” се меѓу анимираните филмови номинирани за “Оскар”.
Филмската академија соопшти дека 21 филм аплицирале во категоријата анимиран филм.
“Лоракс”, “Франкенвини”, “Ледено доба 4: Поместување на континенти” и “Паранорман” се меѓу врвните филмови кои ќе се натпреваруваат за една од петте номинации.
Академијата на филмски уметности и наука соопшти дека неколку од филмовите сe уште ги немаат комплетирано потребните документи за квалификациите.
“Ранго” оваа година освои награда во конкуренција со 18 филма.
Доделувањето на “оскарите”, кое се одржува 85 година по ред, ќе се одржи на 24 февруари 2013 година, во театарот “Долби” во Холивуд.
Пронајдете не на следниве мрежи: