Со својата роботска нога искачи облакодер од 103 ката

Zac Vawter (31) благодарејќи на својата упорност и голема борба, ќе биде и остане достојно забележан во историјата на необичните подвизи.

Имено Zac Vawter во 2009 година, останал без својата десна нога, како резултат на сообраќајната несреќа што ја доживеал со својот мотор. Поради сериозноста на повредите ногата му била ампутирана, притоа заменувајќи го физичкиот недостаток со вградување на роботска нога.

Подвигот со кој овој млад дечко ќе остане забележан во историјата и немаше да биде така интересен доколку не стануваше збор за искачување на еден од највисоките облакодери во Чикаго, на висина од 103 ката, притоа движејќи се скала по скала, со помош на неговата роботска нога, контролирана и функционална со помош на мозочната активност.

Ваквиот тип на нога реагира на импулсите испратени од мозокот преку мускулите, пришто преку бедрата на личноста се активира механизмот за движење со дополнителна помош на зглобот од коленото.

За овој исклучителен подвиг на Zac му било потребно и помалку од еден час. Притоа за она нешто што овој млад дечко успеа да го направи и покрај физичкиот хендикеп, група од научници непосредно пред предизвикот постојано ги вежбале движењата на самата нога. Поставувајќи 11 електроди на бедрата на ова момче и притоа добивајќи податоци дали ќе биде возможен овој предизвик.

Она нешто што може да го заклучиме е дека никогаш не треба да се откажуваме пребрзо. Ваквите луѓе нека бидат пример дека ништо не невозможно и дека покрај се животот продолжува. Да се радуваме на она нешто што го имаме.

Погледнете ги следниве статии

 Најдобрите земји за пиво во светот

 

 

 

 

 

 

 Донирала 325 литри млеко од своите гради

 

 

 

 

 

 Браќа чекале шест години за да потврдат лото добивката од пет милиони долари

 

 

Пронајдете не на следниве мрежи: