Фото: Александар Трајковски „вундеркид“ на ФудбалМенаџер 2013

Нашиот млад фудбалски интернационалец и еден од нашите најголеми фудбалски потенцијали, членот на белгиски Зулте Варегем, Александар Трајковски, се најде на листата „Вундеркидс“ на играта „ФудбалМенаџер2013“.

Александар Трајковски има 20 години и настапува за Зулте Варегем во белгискиот шампионат, во оваа сезона забележа 11 настапи притоа постигна 2 гола за својот тим.

Според „Трансфермаркт“, вредноста на Трајковски на трансфер-пазарот се проценува околу 700.000 евра.

Фото/Извор: www.fmscout.com

Пронајдете не на следниве мрежи: