Јаневски го објави списокот, ќе го „испроба“ Јаховиќ од Цирих

Адис Јаховиќ (Цирих), Дејан Блажевски (Турново) и Мите Цикарски (Вардар) се новите играчи кои се повикани во репрезентацијата за пријателскиот натпревар со Словенија што нашата селекција го игра на 14.ноември во Скопје.

„Натпреварот е пријателски, но важен за репрезентацијата. Словенија одамна го потврди квалитетот, играме со селекција која е високо рангирана на светската листа и тоа мора да го почитуваме“ беше изјавата на селекторот Јаневски за „Алфа“ ТВ.

Инаку Адис Јаховиќ настапува за швајцарскиот тим Цирих, на три одиграни натпревари постигна еден погодок.Дејан Блажевски е најефикасен во тимот на Хоризонт Турново кој има предобар старт во нашата прва фудбалска лига, а од тимот на Вардар на списокот во репрезентацијата се најде дефанзивниот фудбалер Мите Цикарски.

Состав…

Голмани

Мартин Богатинов

Томе Пачовски

Одбрана

Бобан Грнчаров

Александар Тодоровски

Даниел Георѓиевски

Мите Цикарски

Ванче Шиков

Бојан Марковски

Александар Лазевски.

Среден ред

Дејан Блажевски

Мухамед Демири

Остоја Стјепановиќ

Ферхан Хасани

Дарко Тасевски

Напад

Александар Трајковски

Иван Тричковски

Пронајдете не на следниве мрежи: